недела, 27 октомври 2024

Кривична пријава против две лица за криумчарење мигранти од Кина

Против две лица е поднесена кривична прива за криумчарење мигранти. Биле забележани со две возила на патот кон Прдејци, а потоа при контрола во Гевгелија биле пронајдени возилата, таму биле и мигранти од Кина, како и уште едно со таблички од друго возило.

Објавено на

часот

Сподели

„Во просториите на Одделениете за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија бил извршен службен разговор со А.Н.(33) од Скопје и Д.Т.(31) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење на мигранти.

Околу 11.10 часот на регионалниот пат 1.102, во правец Смоквица – Прдејци, полициски службеници од полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица забележале патничко возило ауди со гевгелиски регистарски ознаки и патничко возило мерцедес со скопски регистарски ознаки, во кои се превезувале лица мигранти.

Во Гевгелија било пронајдено возилото ауди и во него биле затекнати двете лица, по што била извршена контрола во дворното место на Д.Т., каде што било пронајдено возилото мерцедес со пет лица мигранти од Кина во него. Во дворот на Д.Т., исто така, било пронајдено и патничко возило фолксваген пасат со регистарски таблички од друго возило.

Мигрантите и возилата биле сместени во прифатно – транзитен центар за понатамошна постапка, а за настанот бил запознаен јавен обвинител.  По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ