недела, 24 ноември 2024

Кривична пријава доби 20-годишник кој на државно земјиште направил ограда од над 70 метри

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Могорче за узурпација на недвижности.

Објавено на

часот

Сподели

„Кривична пријава е поднесена против А.А.(20) од дебарското село Могорче поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело узурпација на недвижности”, информираше  Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид,

Според него А.А. на државно земјиште во атарот на селото Долно Косоврасти, општина Дебар, неовластено поставил метална ограда во должина од 74 метри и ширина од 21,4 метри и поставил бетонска плоча.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ