петок, 18 октомври 2024

Критики против Нетанјаху по трагичното убиство на тројца заложници

Убиството на тројца израелски заложници во Газа од страна на израелски војници предизвика излив на критики против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата влада.

Објавено на

часот

Сподели

Многу критичари истакнаа дека Нетанјаху лично не ја објавил трагедијата, како што во 1994 година тоа го стори тогашниот премиер на Израел, Јицак Рабин по обидот да се спаси киднапиран војник, во кој загинаа и војникот и еден од израелските командоси.

„Портпаролот на ИДФ (Израелските одбранбени сили) не беше присутен синоќа. Тој не требаше да ја погледне јавноста во очи и да ја информира за трагедијата, туку премиерот или барем министерот за одбрана и началникот на Генералштабот. Ова не е изненадувачки, но разочарува“, напиша новинарот на тиражниот Џедиот Ахронота.

Многу критичари на владата, кои го омекнаа своето противење по почетокот на војната предизвикана од нападите на Хамас врз Израел од Газа на 7 октомври, денеска повторно ја критикуваа.

Историчарот Ури Хајтнер го поврза вчерашниот инцидент, кој се случи, судејќи според првичните резултати од истрагата, иако заложниците не беа вооружени и вееја бело знаме, со либералната политика на огнено оружје и отворените повици на министерот за јавна безбедност Итамар Бен-Гвир да се вооружат цивилите.

Поранешниот началник на Генералштабот Ден Халуц му напишал директна порака на Нетанјаху дека единствената можна слика за победа, по неуспехот во 2023 година, е неговото заминување со бело знаме.

Во меѓувреме, од кабинетот на Нетанјаху најавија дека тој ќе ѝ се обрати на јавноста и ќе одржи прес-конференција во 20:30 часот.

Нетанјаху е под зголемен притисок да се постигне договор за ослободување на преостанатите заложници кои се држат во Газа. Од околу 240 киднапирани на првиот ден од војната, се верува дека 129 сѐ уште се во заробеништво, но не се знае дали сите се живи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ