сабота, 26 октомври 2024

Кремљ: Снабдувањето на Киев со оружје не може да помине без последици

Изјавата на рускиот претседател Владимир Путин за можна испорака на руско високопрецизно вооружување во други земји јасно зборува за неизбежните последици на испораките на западно вооружување на Украина, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е многу важна изјава која многу јасно кажува дека снабдувањето со оружје со кое се пука на нас не може да помине без последици, а тие последици сигурно ќе настапат“, порача Песков.

Портпаролот на Кремљ не сакаше да набројува држави или региони на кои Русија би можела да им испрати оружје, како што тоа не го направи ни Путин, ни заменикот претседател на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев, кој објасни:

„Тоа би можела да биде која било држава која Америка и нејзините ортаци ја сметаат за свои непријатели. Без оглед на политичките уверувања и меѓународното признавање. Сите на кои САД им се непријатели – нам ни се пријатели“, наведе Медведев.

Портпаролот на Кремљ смета дека во западните медиуми се објавуваат многу малку „талентирани“ карикатури на Путин, и дека само квалитетните му ги покажува на рускиот претседател.

На тој начин го коментираше вчерашното прашање на уредниците на западните медиуми – дали е запознаен со карикатурите кои со неговиот лик се објавуваат на Западот.

„Има многу исти и неталентирани трудови. Оние кои вредат задолжително му ги покажувам на Путин“, кажа Песков.

Имено, Путин во разговорот со странските медиуми се пошегува дека Песков не му ги покажува цртежите бидејќи го чува неговото расположение.

„Шегата на страна, да бидам искрен, немам време да се бавам со таа пропаганда и да ги гледам тие пропагандни материјали. Наместо тоа, се занимавам со суштината на односите со другите земји“, кажа Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ