недела, 27 октомври 2024

Кремљ се огласи за предупредувањето за терористички напад што САД ѝ го пратиле на Русија

Информациите за можни терористички напади доаѓаат од специјалните служби, класифицирани се како чувствителни и не се откриваат, кажа портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, одговарајќи на прашање за предупредувањето за потенцијален напад што Америка ѝ го испратила на Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Разузнавачките податоци никогаш не му се даваат на Кремљ. Тие се доставуваат преку канали до специјалните служби, од специјална служба на специјална служба. Значи, ова спаѓа во категоријата чувствителни информации, кои, нормално, не се објавуваат“, кажа Песков, одговарајќи на прашањето дали од американските разузнавачки агенции на Кремљ му се доставени конкретни разузнавачки информации за претстоен терористички напад.

Амбасадата на САД во Русија на 7 март соопшти дека следи информации за „екстремистички планови“ за напади на големи собири на луѓе во Москва, вклучувајќи концерти. Истовремено, по терористичкиот напад во салата Крокус, Белата куќа соопшти дека Соединетите Американски Држави во март добиле информација за подготовка на терористички напад во Москва, веројатно на места каде што има многу луѓе, и ја споделиле со руската страна.

Нападот се случи на 22 март вечерта за време на концерт во Крокус сити хол во предградие на Москва. Според последните податоци во нападот загинале 137 лица, од кои три деца. Сите четворица извршители на нападот се уапсени при обидот да избегаат од земјата. Уапсени се 11 лица поврзани со терористичкиот напад, а руските безбедносни сили работат на откривање на целата терористичка база.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ