„Тука имаме сосема различни мислења. Во исто време, не се откажуваме од обидите да им го објасниме нашето гледиште, нашата позиција на нашите турски пријатели и колеги“, рече тој.
Ердоган на почетокот на неделава рече дека поддршката на Турција за територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина е непоколеблива и дека враќањето на Крим кон Украина, што Русија го анектираше во 2014 година, е услов на меѓународното право.
Песков изјави дека Ердоган е под притисок од САД поради традиционално блиските економски врски со Москва, пренесува Ројтерс.
Оваа недела Кремљ најави можна посета на рускиот претседател Владимир Путин на Турција кога ќе бидат завршени подготовките.
Турција, која е членка на НАТО, одигра клучна улога како посредник за време на руско-украинската војна, пред се кога станува збор за извозот на украинското жито кое долго време беше заглавено во пристаништата.