сабота, 26 октомври 2024

Кремљ му одговори на Макрон: Вие веќе се борите во Украина

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа дека изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон покажуваат дека не му пречи зголемување на обемот на вклученоста во војната.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој денес истакна дека Франција веќе индиректно се бори против Русија во Украина.

„Очигледно е дека Франција ја смета Русија за противник, бидејќи Франција веќе е вмешана во војната во Украина. Всушност, таа индиректно учествува во оваа војна, а судејќи по изјавите на господинот претседател (Емануел Макрон), тој нема ништо против зголемување на обемот на вмешаноста“, кажа Песков.

Макрон вчера кажа дека поразот на Украина во конфликтот нема да донесе мир и дека Париз ќе биде спремен да ги преземе неопходните мерки да спречи победа на Русија. Тој претходно не ја исклучи можноста за распоредување западни копнени трупи во Украина.

Коментирајќи ги обидите на украински субверзивни групи да се пробијат на руска територија, Песков кажа дека една од нивните цели е да ја дестабилизираат ситуацијата за време на тридневните претседателски избори во Русија, кои почнаа денес.

Песков кажа дека американска ЦИА со години спроведува субверзивни активности во Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ