сабота, 26 октомври 2024

Кремљ им одговори на САД: Вашите обвинувања дека ќе се мешаме во изборите се апсурдни

Кремљ ги отфрли како апсурдни американските тврдења дека Русија се обидува да се меша во американските претседателски избори во ноември.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претставници на американските разузнавачки агенции тврдат дека Русија се обидува да влијае на изборите на крајот на годинава и дека Москва ангажирала компании што би можеле да влијаат на јавното мислење. „Овие обвинувања се апсурдни. Ние одлучно ги отфрламе“, соопшти Кремљ.

Портпаролот Дмитриј Песков рече дека „ќе има уште многу такви изјави како што ќе се приближуваат изборите во САД, бидејќи Русија и нејзиниот претседател се важни фактори, кои и републиканците и демократите ги користат во политичката борба, особено за време на изборната кампања“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ