понеделник, 25 ноември 2024

Кремљ се оградува од апсењето на Суровикин: Тоа е работа на Министерството за одбрана

Објавено на

часот

Сподели

„Ви препорачувам да го контактирате Министерството за одбрана“, рече Песков.

На прашањето дали се знае каде е сега Суровикин и дали Кремљ може да ги потврди извештаите за апсењето, тој нагласи дека нема што да каже повеќе од она што е веќе кажано на оваа тема.

„Што се однесува до сите структурни единици во рамките на министерството, ве молиме контактирајте го министерството“, рече Песков.

Од крајот на неуспешниот бунт на паравоената група Вагнер, Суровикин кој е заменик-командант на руските сили во Украина, не се појави во јавноста.

Последен пат беше виден викендот кога се појави на видео во кое повикуваше да се запре маршот кон Москва.

Њујорк тајмс објави дека Суровикин однапред знаел за бунтот, како и дека руските власти проверуваат дали тој е соучесник, додека порталот Москва тајмс објави дека Суровикин е уапсен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ