петок, 18 октомври 2024

Кремљ: Путин ќе патува во Кина

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се наведува дека сега е „добар момент за одржување на добрите односи кои постојат меѓу Москва и Пекинг“.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа на редовниот брифинг дека датумот на посетата на Путин на Кина ќе биде објавен накнадно, пренесува Ројтерс.

„Сега е апсолутно поволен момент за одржување на високата динамика во развојот на билатералните руско-кинески односи… Точните датуми ќе бидат договорени и ќе бидете известени. Дијалогот продолжува на различни нивоа“, кажа Песков.

Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг се обврзаа на партнерство „без ограничувања“ само неколку недели пред Русија на 24 февруари 2022 да ја почне „специјалната воена операција“ во Украина.

Си ја посети Москва во март оваа година и потпиша низа економски и други договори со својот „драг пријател“ Путин.

Кина, главниот купувач на руска нафта и гас, претстави документ во кој повикува на деескалација и евентуален прекин на огнот во Украина, но Киев и неговите западни сојузници го отфрлија планот, сметајќи дека на тој начин Русија ќе добие територии.

За време на најавената посета на Путин на Пекинг, кажа Песков, двајцата претседатели ќе се фокусираат на билатералната трговска и економска соработка и на глобалните прашања.

„Врз основа на сличноста на визијата на Москва и Пекинг за суштината на меѓународните односи, имаме многу, многу добри изгледи за понатамошни дискусии и, што е најважно, за конструктивна интеракција“, кажа Песков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ