петок, 18 октомври 2024

Крејчикова го освои Вимблдон, првпат во својата кариера

Чешката тенисерка Барбора Крејчикова е сензационална освојувачка на Вимблдон, таа во финалето со 2-1 во сетови ја победи Италијанката Јасмин Паолини.

Објавено на

часот

Сподели

Крејчикова одлично го почна мечот, го доби првиот сет со 6-2, но Паолини одговори на ист начин, со 6-2 и изедначи на 1-1.

Во третиот, решавачки сет, чешката тенисерка беше подобра со 6-4 за победа од 2-1 во сетови и триумф на Вимблдон.

За Крејчикова ова беше прв освоен Вимблдон, а втор грен-слем турнир, во 2021 година триумфираше на Ролан Гарос.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ