петок, 18 октомври 2024

Краткотраен притвор за вчерашното убиство во Дебреше

ОЈО Гостивар поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа со цел обезбедување одредени докази за трите приведени лица во врска со вчерашното убиство во Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

По истекот на тој законски рок, како што информираат од ОЈО Скопје, обвинителството ќе извести за истражната постапка и новите мерки за обезбедување што ќе бидат предложени.

„Согласно првичните сознанија, мотив за убиството се подолготрајни несогласувања и конфликти меѓу сторителите и жртвата“, стои во соопштението од ОЈО.

Вчера во СВР Тетово било пријавено дека во гостиварско село Дебреше со автоматско оружје било пукано кон Р.К. (35) од Дебреше.

„Како осомничени извршители на делото се браќата Ј.В и Б.В. од истото село. Тиe во моментот на извршувањето биле во патничко возило „волво“ со швајцарски регистарски ознаки. Едниот од нив, Б.В. е приведен. Од него е одземена автоматската пушка со која го извршил делото“, информираа вчера од СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ