сабота, 26 октомври 2024

Кралско помилување на 2.476 осуденици по повод 25-годишнина од владеењето на мароканскиот крал Мохамед VI

По повод 25-годишнината од неговото владеење, мароканскиот крал Мохамед VI помилува 2.476 лица осудени од различните судови на кралството.

Објавено на

часот

Сподели

Кралското помилување издадено по повод Денот на тронот се однесуваше на затворениците и на лицата на слобода, кои биле осудени во различни случаи од јавното право, вклучително и новинари кои извршиле кривични дела предвидени и казнети со кривичниот законик и други осуденици кои извршиле злосторства на социјалните мрежи.

Кралот Мохамед VI го направи прославувањето на Денот на тронот повод да донесе радост и среќа на голем број осуденици, затвореници и членови на нивните семејства.

Овој добронамерен гест на монархот е резултат на неговата лична желба овие луѓе повторно да се обединат со своите најблиски, под услов тие да бидат достојни за помилувањето со започнување на одговорен граѓански живот и посвета на одбраната на светите каузи на нацијата.

Информиран за случајот на секое од засегнатите лица, кралот додели помилување со цел на овие лица да им овозможи мирно враќање во нивните семејства, што не ја анулира нивната вина за обвиненијата за кои ги отслужиле своите затвроски казни.

Ваквата милост, која е привилегија на кралот на начин својствен и другите шефови на држави, не претставува амнестија, затоа што обвинувањето не се брише, а правата на жртвите остануваат зачувани.

Барањето на кралско помилување претставува последно средство за лицата осудени за кривични дела од обичајното право, кои имаат право на помилување под исти услови како и сите други осудени лица.

Кралското помилување претставува плод на културата на помирување и милост вкоренета во илјадагодишната историја на Кралството. Тоа е кралски гест кој претставува афирмација на мароканскиот суверенитет и чин на добронамерност што не се покорува на никаков странски притисок. Кралското помилување е во согласност со илјадагодишната традиција вкоренета во обичаите и традициите на Кралството Мароко.

Ова кралско помилување претставува хуман и добронамерен гест од страна на неговото височество кон осудениците и нивните семејства, кои заедно ќе се приклучат на прославата и свеченостите по повод 25-годишнината од стапувањето на суверенот на престолот на неговите славни предци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ