сабота, 26 октомври 2024

Крадел пари од црква во Велес

Полициски службеници од СВР Велес вчера попладне во 17:50 часот го лишиле од слобода 42-годишниот велешанец Н.А. Тој се сомничи дека околу 17:30 часот со употреба на сила и подесен алат влегол во црква на улица Благој Ѓорев во Велес и одзел пари.

Архивска фотографија

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од МВР, кај него биле пронајдени парите и биле вратени во црквата, како и предметот со кој го извршил делото. Тој бил приведен во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ