вторник, 22 октомври 2024

Ковачки: Системот „Безбеден град“ го лоцирало возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Александар палас

Оливер Спасовски е должен да ѝ одговори на македонската јавност зошто на 4 декември за време на неговата прес-конференција, излажа дека возилото на Панче со кое е киднапирана Вања, не било регистрирано во системот на камери „Безбеден град“  пред 27 ноември, односно пред денот на убиството, изјави денеска Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Неколку дена по ред го прашуваме министерот Спасовски, а истиот одбива да одговори за очигледниот и фатален пропуст на МВР чија последица е киднапирањето и убиството на девојчето Вања.

Јавно го прашуваме министерот Спасовски дали возилото е регистрирано на камерите пред 27 ноември, односно на 24 ноември во 6:30 на влезот во Скопје кај Маџари на мостот кај Агросервис?

Понатаму, дали возилото е забележано од камерите на „Безбеден град“ на истата локација и следниот ден, на 25 ноември во 21:15 часот?

Конечно, дали возилото е забележано на камерите кобниот ден на 27 ноември во 7:42 наутро кај Александар Палас и Злокуќани и како е можно тоа возило неконтролирано да помине низ најобезбедуваната локација во Македонија во тој момент, а можеби и во регионот поради непосредните подготовки на Советот на ОБСЕ.

Оливер Спасовски е должен да одговори како е можно возило кое е пријавено дека е исчезнато 5 дена пред киднапирањето на Вања, а за кое тој тврдеше дека не знаеле, да помине покрај 40 камери на „Безбеден град“ , на Министерството за одбрана и на други субјекти“, праша Ковачки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ