вторник, 22 октомври 2024

Ковачки: Пропусти во истрагата за исчезнувањето на Панче, оставка на Спасовски веднаш!

Оливер Спасовски вчера ја излажа македонската јавност, а МВР под негово раководство е испреплетено односно поврзано со криминогени структури. Имено, Оливер Спасовски кажа дека не трагале по возилото на киднапираниот Панче затоа што не знаеле дека истото е исчезнато заедно со лицето, а на 2 дена пред кобното грабнување на Вања, на 25-ти ноември, веб-портал објавува наслов и текст дека е исчезнат Панче со се неговиот автомобил. Значи повторувам, иако веќе во јавност објавено неколку дена претходно, според Спасовски – полицијата не знаела дека автомобилот на Панче е исчезнат и затоа истиот никој не го ни барал, изјави Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Доколку автомобилот бил предмет на потрага, истиот би бил идентификуван уште на самиот влез од системот „Сејф сити“ и од патролите на МВР во Скопје. 

И доколку автомобилот бил идентификуван на влез во Скопје, ќе се спречело барем киднапирањето и убиството на малолетното девојче. 

Па дури и да се случело киднапирањето, возејќи од центар до излезот на Скопје, возилото повторно можело да биде идентификувано и да се спречи убиството. 

Ова води до една констатација – занемарувањето на возилото е кардинална грешка и пропуст на МВР кои доведоа до фатални последици и кои чинеа – живот на дете. 

Исто така, дополнителна лага која беше кажана и која создаде сериозни сомнежи дека не се работи професионално, т.е. се работи на забошотување на случајот е следнава: според МВР и ЈО, сторителите го убиле девојчето бидејќи ги фатила паника откако се кренала јавноста. 

Но, потсетуваме: јавноста се крена на нозе после објавата на мајката на ФБ околу 12 часот, а девојчето според Спасовски е убиено 2 часа после киднапирањето, што значи пред објавата на ФБ и пред сензибилизирањето на јавноста.

И тука, бидејќи одговорните ја излажаа јавноста, се фрла сомнеж дека убиството на Вања не е извршено поради паника од разбудената јавност, туку дека е извршено поради паника затоа што имале доушник во МВР кој им дојавил дека истите се предмет на интерес. 

Сомнежот дека првоосомничениот и останатите помагатели имале доушници во полицијата, односно некој постојано ги предупредувал е дотолку појак затоа што и бегството на првоосомничениот од државата се случува после неколку дена од второто убиство. Значи, тој слободно се шетал затоа што знаел дека не бил загрозен од истрагата, а откако навреме бил предупреден, истиот избега преку граница. 

Пропустите, непрофесионализмот и корумпираноста поради кои се губат човечки жртви мора да бидат следени со понесување на одговорност и оставка од МВР Спасовски“, рече Ковачки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ