вторник, 22 октомври 2024

Ковачки до Спасовски: Возилото на убиениот Панче било три дена во Скопје пред убиството на Вања

И по 48 часа од поставените прашања до Спасовски, а со цел разјаснување на дилемата дали убиството на Вања можело да биде спречено, тој молчи. Спасовски молчи и не одговара дали возилото на убиениот Панче, со кое е киднапирана Вања, три дена се движело по скопските улици. Ова е важно затоа што доколку МВР распишало централна објава по возилото, тоа ќе било најдено веднаш штом ќе се регистрира од страна на системот сејф сити, а убијците на Панче ќе биле фатени, односно убиството на Вања можеби и немало да се случи, изјави денеска Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Ние сме должни новите сознанија што ги имаме и дилемите кои се оправдани да ги поставиме во јавноста. Спасовски мора јасно и без политизирање и филозофирање да одговори дали возилото на убиениот Панче влегло во Скопје од правец на Велес уште на 24 ноември и дали сѐ до 27 ноември – денот на убиството на Вања, истото се движело низ Скопје, без полицијата да ги приведе убијците?

Дали истото возило поминало на истата локација од која што влегло на 24-ти и на 25-ти вечерта?

Спасовски мора да одговори, дали МВР знаела, т.е. имала можност да го лоцира возилото, но тоа не е направено затоа што не распишале централна објава?

Повторувам, зошто кога семејството на убиениот Панче пријавува дека тој е исчезнат со возилото уште на 22 ноември не е распишана централна објава?

Ова е клучното прашање, зад кое се крие одговорот за пропустот на МВР.

Доколку Спасовски искрено одговори на истото, нема да има човек во Македонија на кого нема да му биде јасно дали имало или не пропуст во истрагата и дали животот на Вања можел да биде спасен“, изјави Ковачки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ