петок, 8 ноември 2024
Пред европските социјалисти

Ковачевски во Брисел: Ако не победиме на двојните избори ќе се вратат мрачните сценарија

„Владата на СДСМ ја извади Северна Македонија од мрачното сценарио на национализам, назадување и изолација на земјата. Сега земјата е исправена пред нов предизвик, двоен изборен процес на кој ќе се избира претседател на државата и идна влада, која мора да биде европска и прогресивна. Ако европската агенда не надвладее, мрачното сценарио ќе ги врати земјата и регионот во неизвесни води, во изолација Северна Македонија тоа еднаш го помина и тоа не смее да се повтори“. Ова го рече премерот Димитар Ковачевсвки на работен состанок во Брисел на европски лидери, членови на Партијата на европски социјалисти

 

Објавено на

часот

Сподели

Ковачевски посочил дека Владата изминативе неколку години, со конструктивен дијалог и демократски политики ги реши споровите и земјата стана членка на НАТО.

„Интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ ќе биде гарант и за стабилноста на Западен Балкан. -Кога ЕУ нѐ поддржува, ние победуваме. Кога ние победуваме, Европа победува, истакнал Ковачевски.

„Напредокот на Северна Македонија не беше само на меѓународен план, Владата ја зголеми минималната плата и социјалниот пакет, а ја намали и невработеноста“, кажал уште Ковачевски како што пренесува владината прес – служба.

д

На состанокот биле присутни повеќе лидери на европски земји меѓу кои и премиерот на Шпанија Педро Санчез, премиерот на Португалија Антонио Коста и премиерот на Косово, Албин Курти, како и високи претставници на ЕУ, меѓу кои, потпретседателите на Европската комисија, Марош Шефчовиќ и Жосеп Борел, комесарите Паоло Џентилони, Николас Шмит и Елиса Фереира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ