понеделник, 18 ноември 2024
Изјава на премиерот

Ковачевски: Тезата на Мицкоски дека постои светска завера само нему му е во прилог

Објавено на

часот

Сподели

„Јас ќе имам разговор со Ескобар. Тој е исклучително информиран човек во однос на случувањата и на билатерално и на регионално ниво и ќе разговараме токму за национални, билатерални и регионални прашања од интерес на Северна Македонија“, рече Ковачевски.  

Во однос на уставните измени вели дека се работи за исклучително важна одлука за иднината на државата, која што е пред пратениците и која не задира во ниту едно идентитетско прашање на македонскиот народ, при што оцени дека изјавите на Мицкоски не му одат никому во прилог, освен нему самиот.

„Тоа што го слушнав беше дека светот и Европа се здружиле против Македонија.  Такво нешто слушавме и во минатото. Се подгреваа чувствата на граѓаните на таков начин, цело време беа плашени граѓаните дека постои некаков супер непријател кон нас Македонците, меѓутоа ние после тоа се уверивме дека тоа не е така. Северна Македонија стана членка на НАТО, сите гледаме колку е значајно што сме земја членка на НАТО во време кога се води воен конфликт во Европа“. Освен тоа, и покрај сите хистерични и лажни обвинувања за бугаризација и губење на идентитето, започнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик.. Сметам дека една држава која што има стратешко партнерство со САД како ниедна друга земја во овој регион, која што е земја членка на НАТО пласирање на тези дека постои светска завера во ниту еден случај не им оди во прилог на граѓаните ниту на државата, освен во политичка кариера на тој што го кажува“, вели премиерот Ковачевски.

Тој истакна дека македонските граѓани поради претходната власт, виделе што значи да се биде во чекалната.

„Единаесет години видовме што донесе чекањето. 2008 година ние имавме решение со Грција кое што тогашната влада не го прифати, после 11 години добивме решение кое што беше полошо од тоа во 2008 година. Сега имаме чиста преговарачка рамка со заштитен македонски јазик, се преговара на македонски јазик, се преведува европското законодавство на македонски јазик. И сега е моментот кога постои заеднички интерес и од страна на САД и од страна на ЕУ за продолжување на европската интеграција до 2030 година Северна Македонија да стане полноправна членка на ЕУ“, рече премиерот и нагласи дека за таквата политика не постои алтернатива.   

с

Премиерот оцени дека не смее Македонија да заостане зад Албанија, Србија и Црна Гора и да остане со Босна и Херцеговина и со Косово.

„Ние не сакаме да бидеме во тоа друшто. Тоа се држави коишто уште не ги решиле своите основни прашања на уредување на државите. Јас не сакам нашите деца, државата на нашите деца да се најде во такво друштво во поглед на регионалните и европските интеграции. Затоа сега е време да се донесат одлуките“, посочи Ковачевски..

„Уставните измени така како што се предложени во Собранието за коишто отпочна процесот во Собранието преку усвојување на дневниот ред и изнесување на ставовите на политичките партии, сите се уверивте дека не предизвикаа никакви турбуленции или негативни коментари од кој било во државата. Тие беа консултирани и со експертската јавност и со невладиниот сектор, и со политичките партии и изработена од експертско-политичка група формирана од Министерството за правда“, нагласи премиерот.  

Одговарајќи на новинарско прашање, Ковачевски негира дека „се испумпуваат“ пари за убедување на граѓаните за уставни измени со новата кампања на Секретаријатот за европски прашања  СЕП) која чини 80.000. Парите исклучително домаќински се инвестираат од оваа Влада, додаде премиерот, велејќи дека „пари не се трошеле на жални врби, ниту на стиропор којшто се распаѓа по зградите“.

„Тоа се планирани пари во Буџетот на СЕП и се работи за комуникациска кампања со граѓаните со цел да можат да бидат презентирани придобивките од зачленувањето во ЕУ и да биде презентиран процесот на водење на скринингот со ЕУ и што е она што следува понатаму. Сметам дека граѓаните треба да бидат информирани за тој процес затоа што ако ги погледнете истражувањата на јавното мислење тогаш ќе се уверите дека 80 проценти од државата сакаат да бидат дел од ЕУ. Тоа впрочем го потврдува и однесувањето на нашите граѓани во сите изминати декади бидејќи нашите граѓани покажале дека сакаат да живеат во држава која е земја членка на ЕУ која има висок стандард и демократија и социјална правда и затоа одат во земји од ЕУ“, одговори Ковачевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ