недела, 17 ноември 2024
Дали министерот за полиција работи на претстедателска кампања

Ковачевски: Нема раздор во СДСМ, Спасовски е со мене, а лидер се избира на партиските избори

Министерот Оливер Спасовски и денеска е со мене и утре ќе биде со мене и тој е дел од стратешкиот тим на СДСМ за подготовка на следните парламентарни и претседателски избори, рече премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за гласините дека министерот  Спасовски има амбиција да стане претседател на државата и претседател на СДСМ и оти во партијата има раздор.

Објавено на

часот

Сподели

Ковачевски наггласи дека СДСМ е единствената партија во државата која што својот претседател го бира на непосредни избори и има исклучително позитивна и амбициозна иднина. Тој при тоа ги окарактеризира како шпекулации и лажни вести од таборот на опозицијата наводите за раздор во СДСМ.

„Тоа е единствено шпекулација и лажни вести кои што доаѓаат од таборот на опозицијата, со оглед на тоа дека тие веќе имаат проблеми кај себе во однос на нивното функционирање, на што сите бевме сведоци во текот на изминатиов период. Веројатно сакајќи да префрлат топка кај нивните политички противници, пласираат вакви вести“, рече премиерот во врска со прашањето за наводните амбиции на Спасовски.

Тој потенцира дека откако ќе завршат мандатите на кој било во партијата, тогаш повторно партијата ќе организира избори.

„За разлика од други партии кои што своите претседатели ги бираат во ‘Фолк фест Валандово’ сала, каде што делегатите ги носат со автобус избрени на листа, кандидатот го носат во гепек веројатно бидејќи никој не го знае, тогаш тие можат да разговараат за такви шпекулации меѓутоа во својот табор. Кај нас избори се организираат на точен датум во партијата и до изборите сите работиме како еден заеднички тим. Тука до мене е Љупчо Николовски  бивши генерален секретар, исто така и тој е млад човек. Иднината на СДСМ со оглед на раководството кое што го имаме во моментов, со оглед на луѓето кои што извршуваат врвни државни функции е исклучително позитивна и амбициозна иднина, со оглед на тоа дека тоа се луѓе кои што се помлади од мене кои што веќе имаат и академско професионално, политичко искуство и затоа еден ден кога ќе има нов претседател на СДСМ тоа повторно ќе биде победнички СДСМ како денес и повторно ќе го има капацитетот да ги носи сите одлуки кои што никој друг во државата досега немал храброст да ги носи освен СДСМ и коалициските партнери“, истакна премиерот Ковачевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ