„СДСМ е отворена за секого и секогаш, без разлика кој на каква позиција се наоѓа во партијата или во државата. Тоа е мојата политика од првиот ден“, рече премиерот Ковачевски во интервју за телевизијата Сител на прашањето дали Заев се враќа во СДСМ.
Тоа беше средба на партиски другари, додаде Ковачевски и нагласи дека се работи за партија која е обединета со луѓето кои делат исти вредности.
На прашањето дали му ја чува фотелјата на Заев,премиерот катеогрично негира и додаде дека претседател се избира со гласање на членството.
Дали Заев ќе биде кандидат за претседателските избори идната година, Ковачевски одговори дека за претседателските избори не е отворена дискусија во СДСМ, ниту со коалициските партнери и рече дека во СДСМ има пропишана статутарна постапка на кој начин се одвива предлагањето, кандидирањето и утврдувањето на кандидат за претседател. Но, рече, секој граѓанин член на СДСМ, ако ги исполнува условите, може да биде кандидиран како за претседател, така и за пратеник или градоначалник.
„Апсолутно убеден сум дека победник на следните претседателски избори ќе биде кандидатот предложен од СДСМ и поддржан од проевропската коалиција, со оглед на тоа дека ние покажавме дека не калкулираме со важните одлуки во државата, не сме водени од дневна полтика, од личен интерес, туку СДСМ и коалиционите партнери заедно ги донесоа најтешките и најважните одлуки од првиот ден на самостојноста на државава.
Во тој контекст Ковачевски кажа дека има исклучително добра соработка со Радмила Шеќеринска, во делот на совети зашто, како што оцени, таа се покажала искусна во меѓународната политика и во работа на програмите на партијата.
За тоа колку се поврзани враќањето на Заев во СДСМ со отворената битка меѓу Мицкоски и Груевски, Ковачевски рече дека не смета оти овие настани се поврзани, затоа што, како што објасни, нивниот состанок бил закажан и најавен пред да се случат јавните дебати, како што рече, поранешниот и актуелниот претседател на ВМРО – ДПМНЕ.
Прашан дали Димитар Ковачевски има добиено УСБ во кое биле напишани измените во Законот за Кривична постапка а доаѓа од Никола Груевски, тој тврди дека УСБ нема видено веројатно, рече, 10 години, бидејќи во моментот се користат други технологии и телекомуникациски средства за комуникација.
„Со Никола Груевски никогаш не сум имал комуникација. Груевски еднаш го имам видено на отворање на театарот. Бев претставник на компанијата во која во тоа време бев директор и бев определен да одам на отворањето што беше државен настан, така одлучи мојот претпоставен кој не беше од Македонија, но никогаш не сум имал никаква комуникација со бившиот претсецдател на Влада и на ВМРО – ДПМЕ, ниту сметам дека ќе имам комуникација со него“, изјави Ковачевски.
Сепак, Ковачевски смета дека Мицкоски и Груевски немаат различни политички ставови, во однос на изолацијата на државата, на неносење на одлуки во однос на не интерирањето во ЕУ, рече, немаат никакви разлики во своите политички ставови.
„Погледнете го ставот на сегашниот претседател на ВМРО – ДПМНЕ, тој е против интеграцијата на државата во ЕУ и цело време наоѓа изговори, нема став, не покажува одлучност и најверојатно на нив им се отвора таа дебата во однос на тоа кој е малиот, а кој големиот Груевски во ВМРО – ДПМНЕ, без ралзика на тоа што по висина сегашниот претседател е неколку десетици сантиметри повисок, меѓутоа мислам дека во идеологијата големиот Груевски е оној што е понизок по раст. Но, тоа е дебата што тие треба да ја водат“, истакна Ковачевски, додавајќи оти смета дека курсот што го имаат не се разликува од тоа што 11 години ја држеа државата во зиолација и во блокада.