„Техничката влада,е обврскас огласно Законот за влада којшто е важечки во државата, а исто и тој закон се носи со консензус помеѓу политичките партии во Собранието“, нагласи премиерот одговарајќи на новинарско прашање поврзано со пишувањето на МКД.мк за техничката влада, која во Законот за влада е дефинирана според Договорот од Пржино од 2015 година и која предвидува учество на најголемата опозициска партија со министри и дополнителни заменици министри.
Ковачевски рече дека претстојат уште одлуки пред одржувањето на изборите.
„ Едната одлука е промена на Изборниот законик преку внесување на сите забелешки од ОБСЕ/ОДИХР, на тоа работи работна група. Во почетокот беше работна група во која што учествуваа експерти и претставници на политички партии во Собранието, меѓутоа сега се вклучени и политички партии од власта доминантно, меѓутоа и опозициските партии. Мислам дека за многу краток период ќе имаме изборен законик што ги вклучува сите одредби од забелешките на ОБСЕ/ОДИХР и што ќе овозможи продолжување на одржување на демократски избори во државата какви што ги имавме во изминатите циклуси, а за разлика од оној 11-годишен период кога изборите беа окарактеризирани како недемократски“, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата Вабтек МЗТ АД Скопје.
Во однос на тоа дали СДСМ и ДУИ ќе имаат заеднички лист, рече дека тоа е нешто што е одлука на политичките партии и е предмет на коалициски договори, така што во моментов, додаде, за такво нешто не можеме со сигурност да зборуваме.