недела, 27 октомври 2024

Косовскиот министер за одбрана: Косово е придружен член на Парламентарното собрание на НАТО

Министерот за одбрана на Косово Ејуп Мачедонци ја поздрави денес одлуката на Парламентарното собрание на НАТО Косово да добие статус на придружен член на тоа собрание и оцени дека тоа е голем чекор за безбедноста на Косово и регионот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО одлучи денес да го унапреди Косово од парламентарен набљудувач на придружен член. Ова е голем чекор напред за безбедноста и просперитетот на Косово и регионот“, порача тој на Икс.

Тој на 25-годишнината од почетокот на НАТО агресијата на СР Југославија напиша дека годишнината претставува „ново поглавје во унапредувањето на статусот на Косово во Северноатлантската алијанса“.

Косовскиот министер наведе дека агресијата на НАТО од 24 март 1999 година било единственото нешто што можело да го прекине етничкото чистење на Косово, да го сопре убивањето на децата, жените, мажите и старците, систематското насилство, прогоните и присилното протерување на жителите на Косово од страна на безбедносните сили на поранешна СРЈ.

Според него, додека денес на НАТО бомбардирањето се сеќаваат како на „најправедната акција на овој можен воен сојуз, српската држава продолжува да го обвинува НАТО и да ги оправдува геноцидните акции на Милошевиќ“.

„Тоа многу зборува за истиот менталитет кои и понатаму постои меѓу владетелите на Србија“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ