петок, 18 октомври 2024

Косово се согласи да ги намали полициските сили во и околу општинските згради за 25 отсто

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на владата се наведува дека фокусот на овој состанок бил создавање предуслови за јакнење на фокусот за целосна и безусловна примена на Основниот договор од 27 февруари и Охридскиот анекс од 18 март.

Намалувањето на присуството на полицијата во општинските згради и околу нив е првата точка за која се согласила владата.

„Владата на Косово јавно покажува спремност да придонесе на деескалација на ситуацијата и со непреземање дејства кои би можеле да ја ескалираат ситуацијата на северот на земјата. Тоа вклучува моментално намалување до 25 отсто на присуството на полицијата во и околу зградите на општините“, се наведува во соопштението.

Договорено е „косовската полиција, заедно со Еулекс и Кфор, да ја процени безбедносната ситуација по потреба, особено да ја разгледа можноста за понатамошно намалување на присуството на полицијата во околу општинските згради“.

Исто така е договорено избори за градоначалници на четирите општини на северот да се одржат по летната сезона.

„Косово ја изразува својата посветеност да обезбеди неопходна правна основа да овозможи организирање на овие избори“, се наведува.

Во четвртата точка, како што се наведува во соопштението, ЕУ ќе ги повика двајцата главни преговарачи во Брисел со цел финализација на планот на редоследот на мерките на Договорот кон нормализација, по што, како што се истакнува, истовремено ќе почне имплементацијата на сите членови на договорот.

Наведените дејства треба да бидат завршени во рок од две недели, се заклучува во соопштението на косовската влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ