Феникс имаше перфектен старт на мечот, по првите десет минути водеше со 15 поени разлика, беше 38-23. Во текот на вториот период сонцата ја зголемија предноста на 22 разлика која ја имаа во два наврати.
Но, потоа работите почнаа да се менуваат, Лејкерс полека ја топеа негативата, го свртеа резултатот во своја полза уште во третиот период, а во последната четвртина веќе имаа и двоцифрена разлика која им донесе комфорен финиш и победа од 123-116.
Ентони Дејвис со 35 поени беше најефикасен во составот на Лејкерс, Ривс реализираше 26, Леброн 21. Во составот на Феникс, Кевин Дурант постигна 30 поени, Букер 23.
Резултати:
Орландо – Бруклин 116-101
Торонто – Филаделфија 115-107
Атланта – Шарлот 125-120
Кливленд – Детроит 113-101
Њујорк – Индијана 123-98
Хјустон – Мемфис 128-108
Милвоки – Чикаго 122-133
Јута – Голден стејт 86-127
ЛА Лејкерс – Феникс 123-116
Порталнд – Њу Орлеанс 103-105