среда, 27 ноември 2024

Конгрес на СДСМ, се очекува да се официјализира кандидатурата на Пендаровски

Денеска Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе одржи конгрес на кој се очекува да се официјализира поддршката за втор мандат на актуелниот претсдетел, Стево Пендаровски.

Објавено на

часот

Сподели

Предвидено е најпрвин да се одржи работниот дел од Конгресот, по што медиумите ќе можат да го проследат обраќањето на поддржаниот кандидат за претседател на државата, соопшија од прес-службата на СДСМ.

Пендаровски изјави дека очекува денеска СДСМ да ја формализира поддршката за неговата кандидатура, а од утре тој ќе ги почне разговорите со коалициските партнери на СДСМ за нивна поддршка на претседателските избори. НСДП веќе соопшти дека ќе го поддржи Пенадаровски за втор мандат.

Пендаровски ги повика граѓаните од 3 март да го поддржат и со собирање на потписи.

За време на објавата на кандидатурата, Пендаровски изјави дека зад себе има мандат без ниту една стратешка грешка, без корупциска афера и случај на непотизам поврзан со него, неговото семејство, роднините и соработниците. Тој рече дека покажал оти може да биде независен од кои било центри на политичка моќ, вклучително и оние што го поддржале на избори.

„Никој не ме контролира или не ги диригира моите одлуки“, рече Пендаровски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ