недела, 14 јули 2024

Конечно пристигна априлската плата па тргнаа двата застанати воза

Објавено на

часот

Сподели

Пуштена е платата за април. Вработените продолжуваат со непречена работа, возовите сообраќаат согласно патниот распоред, информираат од работната единица одржување – работилница во подружницата влеча на возови при Железница транспорт. 

Оттаму порачаа дека доколку до 15-ти во месецот не биде исплатен првиот дел од платата односно до 25-ти вториот дел од платата, наредниот ден работниците во работилница ќе престанат да ги извршуваат работните задачи и нема да ги поправаат и прегледуваат локомотивите и патничките гарнитури.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ