петок, 18 октомври 2024

Коалиција за правично судење за седницата на Судскиот совет: Неправото не може да стане право

Објавено на

часот

Сподели

Коалицијата од мониторингот на Судскиот совет забележува континуирано отстапување од Законот за Судскиот совет и стандардите за транспаретно и отчетноработење на оваа институција.

„Соопштението за одржување на 439-та седница на Судскиот совет беше објавено само 15 минути пред почетокот на седницата, што сериозно придонесува кон намалување на транспарентното работење на Судскиот совет. Ваквото постапување практично ја спречува јавноста да присуствува на оваа седница и истото може да биде протолкувано како обид на Советот незаконски да оневозможи присуство на јавноста на седницата.

Ваквиот начин на закажување и објавување на седниците е апсолутно спротивен на транспаретно и отчетно работење на Судскиот совет особено во вакви исклучителни ситуации кога за да биде подобрен имиџот на Советот и судството во целина се потребни исклучителни напори за транспарентност и отчетност во работењето.

Законот за Судскиот совет точно определува во кои ситуациии Советот може да донесе одлука за исклучување на јавноста од седниците.

Во член 39 став 2 е наведено дека јавноста може да биде исклучена заради заштита на угледот и интегритетот на судијата или кандидатот за судија, а согласно став 3 кога Советот носи одлука за исклучување на јавноста истиот е должен да ја извести јавноста за причините за таквата одлука. Доколку станува збор за случај во кој Советот треба да донесе одредена одлука по точката за која јавноста би била исклучена, гласањето за одлуката мора да биде јавно исто како и самата одлука за исклучување на јавноста. Тргнувајќи од ваквиот начин на уредување на јавноста за работењето на Судскиот совет неминовно се забележува дека Советот повторно го има прекршено Законот во делот што се однесува на јавноста во постапувањето“, велат од Коалицијата.

Денеска пред одржувањето на 439-та седница, Советот одржал уште 2 седници зад затворени врати со образложение дека се расправало за сензитивна тема, односно за меѓучовечките односи во Советот, што според Законот за Судскиот совет не е основ за исклучување на јавноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ