недела, 24 ноември 2024

Клубовите чии ракометарки си постигнуваа автоголови ќе ги загубат лиценците за натпреварување

Денеска во ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција се случи голем скандал на мечот меѓу Скопје и Гевгелија за кој реагираше и министерот за спорт, Борко Ристовски.

Објавено на

часот

Сподели

Во последните пет минути од натпреварот ракометарките на двете екипи почнаа да си даваат автоголови и да не го напаѓаат противничкиот гол.

Ваквите сцени кои немаат ништо спортско во нив, ги збунија сите, а реакција имаше и од министерот Борко Ристовски.

Тој на вечерашното гостувањето на ТВ Сител изјави дека веќе во понеделник на двете екипи ќе им бидат одземени лиценците за занимавање со дејност спорт.

Тоа значи дека двата клуба ќе бидат исфрлени од ракометните лиги и веќе нема да можат да се натпреваруваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ