среда, 4 декември 2024
Срамни сцени во македонскиот спорт

Ракометарки во Купот на Македонија намерно промашуваа и си даваа автоголови (ВИДЕО)

Голем скандал се случи на денешниот ракометен натпревар од Купот на Македонија во женска конкуренција меѓу екипите на Скопје и Гевгелија.

Објавено на

часот

Сподели

Во последните минути од овој натпревар двете екипи почнаа да си постигнуваат автоголови и намерно да не даваат погодоци во противничкиот гол.

Од ваквата игра збунети беа и судиите на средбата кои во прв момент го прекинаа натпреварот, но потоа во консултации со записничката маса го продолжија.

Нејасна е причината за овој срамен однос на ракометарките на двете екипи. Мечот на крајот заврши со победа на гостинската екипа од 17-16.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ