Кливленд игра фантастично на стартот од новата сезона во НБА, серијата победи им заврши против Бостон, но тоа не ги извади од ритам, тимот од Охајо брзо се прегрупира и продолжи таму каде што застана.
Утрово, популарните „кавалирс“ славеа против Торонто со 122-108 за десет од десет на домашен терен.
Донован Мичел натпреварот го заврши со 26 поени, особено се истакна во последната четвртина кога реализираше 11 поени и го сопре налетот на гостите, кои во еден момент се доближија на 94-90.
Џером исто така запиша 26 поени, а Ален постигна 23 поени и додаде 13 скока. Во редовите на Торонто, Барнс и Дик со по 18 поени беа најдобри поединци.
Во Мајами, Далас без Дончиќ загуби од „жешките“ во најинтересниот меч утрово во НБА.
Кајри Ирвинг пропушти шанса да го реши победникот во регуларниот дел, па Батлер реализираше за два поени и 114-114 на четири секунди до крајот.
Мајами потоа се наметна во додатните пет минути и триумфираше со 123-118.
Џими Батлер натпреварот го заврши со 33 поени, 9 скока и 6 асистенции, а најголема поддршка бу беа Хиро и Адебајо, кои имаа дабл-дабл учинок. Во редовите на Далас, во отсуство на првата ѕвезда Лука Дончиќ, најдобар стрелец беше Кајри Ирвинг со 27 поени.РЕЗУЛТАТИ:
Сакраменто – Бруклин 103-108
Кливленд – Торонто 122-108
Мајами – Далас 123-118
Филаделфија – ЛА Клиперс 99-125
Индијана – Вашингтон 115-103
Бостон – Минесота 107-105