сабота, 19 октомври 2024

Кливленд со кош од половина терен го победи Далас (ВИДЕО)

Кливленд и Далас одиграа натпревар со драматичен финиш кој го добија домаќините со 121-119 со тројка во последната секунда од половина терен.

Објавено на

часот

Сподели

Дончиќ имаше фантастичен меч, постигна 45 поени, имаше 14 асистенции и девет скокови, Ирвинг реализираше 30 поени, но тоа не беше доволно за победа на Далас.

Мечот го одбележа драматичниот финиш. Далас погоди за водство на 2,6 секунди до крајот и се чинеше дека дојдоа до победата. Но Штрус погоди од својата половина со звукот на сирената за победа на Кливленд од 121-119.

Резултати:
Кливленд – Далас 121-119
Орландо – Бруклин 108-81
Вашингтон – Голден стејт 112-123
Атланта – Јута 124-97
Бостон – Филаделфија 117-99
Њујорк – Њу Орлеанс 92-115
Чикаго – Детроит 95-105
Милвоки – Шарлот 123-85
Минесота – Сан Антонио 114-105
Оклахома – Хјустон 112-95
Портланд – Мајами 96-106

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ