понеделник, 25 ноември 2024

Клиниката за трауматологија ќе ги повикува пациентите кои чекаат со години да дојдат на лекување

Раководство на Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија,реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) ги проверува листите за хируршки интервенции за пациентите кои подолг период чекаат за да ја добијат оваа здравствена услуга. По увидот и анализата во листите за хируршки интервенции, од страна на тимот од клиниката преку соодветен план и динамика ќе бидат контактирани пациентите, со посебен акцент на оние кои подолг период, односно повеќе од една или две години чекаат за да ја добијат оваа здравствена услуга, информираат попладнево од ТОАРИЛУЦ.

Објавено на

часот

Сподели

„Раководство на ЈЗУ Универзитетска клиника за ТОАРИЛУЦ, предводено од проф.д-р Марија Јовановски-Срцева даде налог за проверка на сите листи за хируршки интервенции во рамки на оваа установа. По увид и анализа во листите за хируршки интервенции, од страна на тимот од клиниката преку соодветен план и динамика ќе бидат контактирани пациентите, со посебен акцент на оние кои подолг период, односно повеќе од една или две години чекаат за да ја добијат оваа здравствена услуга“, информираат попладнево од ТОАРИЛУЦ.

Според Јовановски-Срцева, овој проблем изминатиот период бил мапиран како еден од најгорливите проблеми со што се соочуваат пациентите и за таа цел, тим од Клиниката ќе ги контактира пациентите кои подолг временски период, односно повеќе од една или две години чекаат за хируршка интервенција.

„Ќе биде изготвен план и динамика во рамки на ресурсите со кои што располага клиниката за обезбедување на оваа здравствена услуга кај пациентите кои подолг период биле оневозможени да ја добијат“, најавува таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ