Кире Лазаров не е само македонска ракометна легенда, тој е еден од најдобрите ракометари во историјата на овој спорт, а тоа вечерва беше потврдено откако доби место во Куќата на славни на ракометот.
Лазаров кој даде преку 1.000 голови во Лигата на шампионите заедно со Ласло Наѓ и Олафур Стефансон се тројцата десни бекови кои влегоа во Куќата на славни.
Лазаров на оваа церемонија беше заедно со претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов.