„Мислам дека е важно да се забележи дека 90 отсто од авионите што Русија ги користи за бомби и удари со долг дострел лежат надвор (областа од) 300 километри од украинската граница, длабоко во руска територија“, изјави тој на брифингот.
Кирби појасни дека е „погрешна“ идејата дека украинските сили би можеле да погодат оддалечени руски бази со помош на ракетите АТАКМС.
Тој, исто така, истакна дека САД не ја промениле својата одлука да не му дозволат на Киев да користи американско оружје за далечни напади на руска територија, додавајќи дека Вашингтон продолжува да работи на зајакнување на одбраната на украинскиот воздушен простор.
Портпаролот оцени дека одбранбената способност на Украина е од клучно значење за зачувување на енергетската инфраструктура во зимските месеци.