Анализата на неколку американски одбранбени и разузнавачки агенции покажа дека балонот пренесувал комерцијално достапна американска опрема, заедно со специјализирани кинески сензори и друга опрема за собирање фотографии, видеа и други информации што тој ги пренел во Кина, пишува весникот повикувајќи сѐ на американски претставници.
Оваа анализа го поддржува заклучокот дека леталото било шпионско, а не метеоролошки како што тврди Кина, се додава.
Сепак, изгледа дека балонот не испратил податоци до Кина за време на осумдневниот прелет над Алјаска, Канада и некои други земји, пишува Вол стрит журнал.
Американскиот претседател Џо Бајден неодамна изјави дека кинескиот лидер Си Џинпинг бил „многу засрамен“ кога балонот бил уништен над американско тло.
„Причината поради која Си Џинпинг беше многу вознемирен кога го соборивме балонот е затоа што имаше шпионска опрема за која тој не ни знаеше дека постои. За диктаторите тоа е голем срам, кога тие не знаат што се случило“, изјави Бајден.