недела, 27 октомври 2024

Кина: Обвинувањата на САД и Британија за хакирање се политичко маневрирање

Кина ги прозва Соединетите Американски Држави и Британија да престанат да го политизираат прашањето на кибернетичката безбедност, да ја клеветат и навредуваат Кина и да ѝ наметнуваат еднострани санкции.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е чисто политичко маневрирање на САД и Британија за да ги преиспитаат наводните кинески кибернетички напади и да им воведат санкции на кинески физички и правни лица“, изјави портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Лин Џијан на редовниот брифинг за медиуми.

„Кина изразува силно незадоволство од тие потези и силно им се противи“, додаде тој.

Американски и британски функционери вчера поднесоа обвинувања, наметнаа санкции и го обвинија Пекинг за наводна широка операција на сајбер шпионирање на милиони луѓе.

Американските и британските власти на хакерската група ѝ дадоа прекар „група на постојана закана 31“ или АПТ31. Тврдат дека станува збор за огранок на кинеското министерство за државна безбедност.

Кинеската амбасада во Лондон ги нарече обвинувањата „целосно измислени и злонамерни клевети“.

„Претходно Кина даде технички објаснувања и одговори на информациите за таканаречената АПТ31 кои ѝ ги достави на британската страна. Тоа јасно покажува дека доказите на британската страна се недоволни, а за релевантни заклучоци недостига професионалност“, кажа Лин.

„За жал, од тогаш не сме добиле одговор од британската страна“, додаде тој.

Британија ги обвини кинеските хакери и за обид за провалување во електронската пошта на британски политичари кои ја критикувале Кина.

Претходно оваа година САД соопштија дека почнале операција за борба против сеприсутната кинеска операција за хакирање која наводно загрозила илјадници уреди поврзани на интернет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ