недела, 20 октомври 2024

Кина ја предупреди Јужна Кореја да не ги политизира економските прашања

Објавено на

часот

Сподели

„Кина и Јужна Кореја станаа партнери за соработка со силно поврзани интереси и силно меѓусебно поврзани синџири на производство и снабдување“, му рече Ванг на јужнокорејскиот министер за надворешни работи Парк Јин, според соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи, според Ројтерс.

Според Ванг, двете страни треба заеднички да им се спротивстават на тенденциите кон политизација на економските прашања, инструментализација на науката и технолошките прашања.

„Кина е спремна заеднички да го промовира продолжувањето на обновената трилатерална соработка со Јужна Кореја и Јапонија“, рече Ванг пред состанокот на министрите за надворешни работи на трите земји за зајакнување на меѓусебната соработка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ