недела, 20 октомври 2024

Кина ги повика странските мисии да ја отстранат пропагандата од зградите по истакнувањето знамиња на Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Ние и други добивме писмо во кое се повикуваат амбасадите и мисиите да се воздржат од користењето на надворешните ѕидови на зградите за ‘политизирана пропаганда’“, изјави за Ројтерс дипломат чија амбасада има слика од украинското знаме под услов да остане анонимен. Дипломатот рече дека мисијата немала намера да постапи по известувањето.

Тројца други дипломати со седиште во Пекинг потврдија дека го добиле известувањето, додавајќи дека иако директно не се спомнува украинското знаме, јасно било насочено кон него.

Неколку недели откако Русија ја започна, како што ја нарекува својата „специјална воена операција“ во Украина, плакат со украинско знаме на надворешниот ѕид на канадската амбасада во Пекинг беше уништен со анти-НАТО графити, според сведок на Ројтерс.

 

 

Мисиите на Европската унија, Велика Британија, Германија и Полска во Пекинг, исто така, истакнаа слики од украинското знаме. Кина повика на мир во Украина, но се воздржа од осуда на својот сојузник Русија, што наиде на критики од западните земји.

Некои амбасади во Пекинг, исто така, истакнувааат знамиња со боите на виножитото за поддршка на ЛГБТ заедницата, за да го одбележат Меѓународниот ден против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата во среда и месецот на гордоста на ЛГБТ во јуни. Веднаш не беше јасно дали Кина се противи на тоа, која во последниве години се соочува со критики од групите за човекови права за сузбивање на ЛГБТ активизмот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ