недела, 27 октомври 2024

Киев му одговори на Путин

Официјален Киев денес ги отфрли тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин за наводна вмешаност на Украина во терористичкиот напад на салата Крокус сити хол во предградие на Москва, пренесуваат украинските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Андриј Јусов, портпаролот на украинската воена разузнавачка агенција, ги демантираше тврдењата на Русија во кои Украина се обвинува за вмешаност во крвавиот терористички напад во салата Крокус во Москва, пренесува Киев индипендент.

„Верзијата дека извршителите на терористичкиот напад бегале кон Украина не заслужува ни критика“, кажа Јусов на украинската национална телевизија.

Официјален Киев повеќе пати ги негираше тврдењата за вмешаност во терористичкиот напад во Москва, а Белата куќа многу брзо по нападот соопшти дека нема назнаки дека Украина стои зад нападот.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес за време на своето обраќање до нацијата дека приведените осомничени извршители на нападот во Москва наводно планирале да избегаат во Украина.

Во своето обраќање рускиот претседател не го спомна тоа што одговорноста за нападот ја презема терористичката група Исламска држава, како ни предупредувањата на западните земји за можен терористички напад на Москва, наведува Киев индипендент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ