петок, 18 октомври 2024

Ќерката на Бијонсе има златно коњче од 600.000 долари

Објавено на

часот

Сподели

Славната двојка, чија ќеркичка Блу Ајви се роди во неделата (7.1.12), наводно откупила осум соби во медицинскиот центар трансформирани во луксузни апартмани, кои биле опремени со цела низа луксузни детали, како на пример ѕидови од махагони.
Извори од болницата за американското списание „Ју Ес викли“ изјавиле: „Пред еден месец дојдоа работници и ги срушија ѕидовите меѓу осум соби и од просторот направија два апартмани. Тие платија за да ги направат по своја желба. Сите би сакале да живеат во такви апартмани!“
Супердвојката наводно веќе потрошила преку 1,5 милион долари за својата новородена ќерка, вклучувајќи неколку екстремно скапи подароци, како на пример коњче за лулање од 600.000 долари, столче за хранење од 15.000 долари и куќичка за играње од 30.000 долари.
Еде нивен пријател откри: „Тие трошат како да ќе нема утре! Заедно тие купија столче за хранење украсено со кристали ‘сваровски’ од Карла Монхен и колепка од 22.000 долари, а Џеј-Зи потоа на Бијонсе ѝ купи и златно коњче за нишање од 600.000 долари. Тие на девојчето му купија и миниавтомобил ‘бугати’!“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ