недела, 20 октомври 2024

КАЗ-груп: АД Водостопанство на тендер избра три пати поскапа понуда

На тендер на државното акционерско друштво Водостопанство понудивме три пати пониска цена за набавка на резервни делови, а избрана е фирма која има еден вработен, јавно објавија претставници на компанијата КАЗ груп.

 

Објавено на

часот

Сподели

Драги сограѓани, ни треба вашата поддршка и вие кажете дали ова не е случаj на неконтролирана злоупотреба на народни пари. На огласот број 16299/2023 од 14 септември за набавка за потребите на АД Водостопанство на РСМ единствен критериум за избор на понудувач беше пониска цена. Нашата понуда беше 3.399.803,39 денари, а избрана е понуда од 9.963.005,05 на трговското друштво со увезени странски производи 3Н дивелопмент груп. Ние имаме 40 вработени, а тие – еден. Ние имаме македонско производство, а тие нудат делови од увоз“, соопштија на фејсбук-страницата претставници на КАЗ груп.

Се работи за тендер за набавка на резервни делови за одржување на основните водостопански објекти за наводнување и одводнување со кои управува АД Водостопанство во државна сопственост.

Според податоците на Бирото за јавни набавки на тендерот учествуваа четири фирми – Техноскоп, Енергомот, 3Н груп дивелопмент и КАЗ груп. Понудите беа од 12,7 милиони денари на Енергомонт до 3,39 милиони денари на КАЗ груп. 3Н дивелопмент даде понуда од 9,9 милиони денари. Се работи за рамковна спогодба за 6 месеци.

к

Од КАЗ груп велат дека освен до Државната комисија за спречување на корупцијата, овие информации ги испратиле и до Министерството за земjоделство, шумарство и водостопанство како надлежно за АД Водостопанство.

Прашања за ваквата разврска на тендерот број 16299 се испратени и до АД Водостопанство.

                                                                                                                                    А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ