недела, 20 октомври 2024

Кавадаречките пензионери се заканија со блокада на излезите од градот

Пензионери од Кавадарци протестираа и денеска на кавадаречкиот градски плоштад. Тие ги повторија барањата, линеарно зголемување на пензиите за по пет илјади денари, минималната пензија да биде 20 илјади денари и се заканија дека во петок ќе го блокираат излезот од градот кон патниот правец накај Неготино. 

Објавено на

часот

Сподели

„Протестите ги правиме за да ја подигнеме свеста кон нашите проблеми. Бараме подобар животен стандард за подобри пензионерски денови“, рече Ѓорѓи Делов, претседател на Иницијативниот одбор. 

Револтираните пензионери закажаа следен протест во петок и најавија дека тогаш ќе го блокираат излезот од градот кон Неготино.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ