сабота, 19 октомври 2024

Кавадаречкиот суд уништи предмети со поминат рок на чување

Објавено на

часот

Сподели

„Врз основа на Решението за уништување на документираниот материјал од 24 јули оваа година на Државниот архив и дадената согласност на Основен суд Кавадарци, денес во Еуро Никел во село Возарци беше извршено уништување на 100.000 документиран материјал – предмети, согласно Законот за архивски материјал. Во процесот на подготовката, транспортот и уништувањето беа вклучени сите вработени од Основен суд Кавадарци“, информираа од судот.

Оттаму нагласија дека со извршеното уништување на документираниот материјал, којшто беше со изминат рок на чување, постапено е во согласност со Законот за архивски материјал и е овозможен нов простор за архивирање на други предмети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ