петок, 1 ноември 2024

Катастрофата од поплавите во Шпанија се гледа од вселената (ВИДЕО)

Штетата која ја предизвика жестоката бура која доведе до невидена катаклизма во Шпанија се гледа од вселената, покажуваат сателитските снимки на НАСА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На објавените снимки се гледа ситуацијата пред и по поплавите кои ја погодија Шпанија, а особено Валенсија.

Покрај тоа, Европската оперативна сателитска агенција за следење на времето (Еуметсат) направила и графички приказ на невремето кое ја опустоши Шпанија.

„Разорни поплави во делови од Шпанија откако за 24 часа падна количество дожд кое инаку паѓа за една година. Анимацијата јасно ги прикажува големите бури со грмотевици со силна активност на молњи, кои предизвикуваат исклучителни врнежи“, се наведува во постот на Еуметсат.

Најмалку 160 лица загинале во најсмртоносните поплави кои ја погодиле Шпанија во последните три децении, откако надојдената вода носела мостови и згради.

Жителите на најтешко погодените места опишале како гледале луѓе како се качуваат на покривите на своите автомобили, додека водата корнела дрвја и носела згради.

Премиерот на Шпанија Педро Санчез вети дека ќе ја обнови уништената инфраструктура и им изјави сочувство на семејствата на настраданите.

На снимките од итните служби од воздух се гледаат урнати мостови, и автомобили и камиони натрупани на автопатите.


Бројот на настраданите во Шпанија е најголем во Европа од поплавите од 2021 година, кога во Германија загинаа најмалку 185 луѓе.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен кажа дека Европа е спремна да помогне. „Она што го гледаме во Шпанија е поразувачко“, кажа таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ