Шеикот Џасим, кој е син на поранешниот премиер на Катар, Јасим бин Џабер Ал Тани ја доби битката со британскиот милијардер Џим Ратклиф за купување на Манчестер јунајтед.
Медиумот „Ал Ватан“ од Катар објави дека се е договорено, останува уште формално официјализирање на купо-продажниот договор.
Неофицијално сумата за која е продаден Манчестер јунајтед е нешто повеќе од пет милијарди фунти. Катарскиот газда ќе ја преземе целосната контрола врз клубот.