На Европската Универзијада ќе земат учество преку 5,000 студенти од 400 универзитети од 40 европски држави. Тие ќе се натпреваруваат во 18 различни спортови.
– На летната Европска Универзијада заминуваме подготвени како и секоја година. Сакам да истакнам дека македонските карате-спортисти имаат голема традиција и успешност од настапите на официјалните европски универзијади и светските универзитетски првенства. Очекуваме добро претставување на македонскиот карате тим во Унгарија. Натпреварите во боречките спортови и во карате ќе се одржат во градот Мишколц во периодот од 16 до 18 јули – истакна Бошко Заборски, селектор на македонската универзитетска карате репрезентација.
Детални информации за случувањата на Европската Универзијада можат да се следат преку официјалниот вебсајт и каналите на социјалните мрежи.