сабота, 26 октомври 2024
Англичанецот има одлично сеќавање за шампионскиот тим на Црвена звезда

Карагер: Панчев беше најдобар стрелец, но не помина добро во Интер (ВИДЕО)

Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер кој сега работи како фудбалски критичар, добро се присети на 1991 година кога Црвена звезда стана Европски шампион.
 

Објавено на

часот

Сподели

На емисијата на „Си-Би-Ес“ посветена на Лигата на шампионите, Карагер зборуваше и за тимот на Црвена звезда кој го освои големиот трофеј во сезоната 1990/91 година.

„Се сеќавам на тимот на Црвена звезда кој го освои натпреварувањето на пенали. Во финалето играше комплетно различно од тоа што го играше претходно. Натпреварот заврши 0-0, но тие играа за да заврши 0-0. Тоа беше тимот кој постигна 19 голови на патот до финалето“, вели Карагер.

„Ова е промашувањето на Аморос од Марсеј. А потоа најдобриот стрелец во тоа време, Дарко Панчев го постигна победничкиот гол. Потоа замина во Интер, но не помина таму многу добро“.

„Тимот имаше фантастични играчи како Просинечки, Савичевиќ… Просинечки играше за Реал Мадрид и Барселона, а Савичевиќ за Милан со кој ја освои и Лигата на шампионите во 1994 година. Апсолутно фантастични имиња имаа“.

Карагер ги импресионираше останатите во студиото со неговото знаење за Црвена звезда.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ