четврток, 24 октомври 2024

Канада по голема борба и драма во финишот ја победи Грција

Во драматичен меч Канада со 86-79 ја победи Грција на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри, дуелот до последните секунди беше неизвесен.

Објавено на

часот

Сподели

Третата репрезентација од Светското првенство минатата година одлично го почна мечот и долго време имаше двоцифрена предност. Првиот таков случај беше во петтата минута кога поведе со 19-7, по што Грците почнаа да играат и се доближија на 22-26. Во вториот период Канада отиде на 48-38, а се чинеше дека се е готово кога по серијата од 5-0 на стартот од третата четвртина дојде до водство од 56-40.

Предводени од Јанис Адетокунбо, Грците намалија на 60-68 во пресрет на последниот квартал за на средина од него да дојдат на 68-72. Со шест поени во низа Канаѓаните поведоа со 78-68, подоцна имаа и 80-72, а кулминација на драмата беше по 80-78 на околу минута пред крајот на мечот. Во клучните моменти на сцена стапија Гилџес-Александар и Џамал Мареј, па Канада, сепак, не дозволи комплетен пресврт.

Во грчката репрезентација, далеку најрасположен беше Јанис Адетокумпо кој постигна 34 поени и 5 скока, Папаниколау заврши со 17, а останатите останаа далеку зад нив. Во канадската репрезентација, Берет беше најефикасен со 23 поени, Гилџес-Александер додаде 21, а Брукс 14.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ