среда, 27 ноември 2024

Канада: Младо лице е уапсено за терористички активности против Евреите

Канадската национална полиција соопшти дека младо момче е уапсено и обвинето за наводни терористички активности против Евреите.

Објавено на

часот

Сподели

Кралската полиција во саботата соопшти дека младо лице е уапсено во петокот и обвинето за помагање терористички активности преку предавање инструкции за експлозивна материја, пренесува Асошиејтед прес.

Младиот човек е обвинет и за свесно давање инструкции на лице да изврши терористичка активност „против Евреите“.

Во полициското соопштение не се наведени детали за наводните прекршоци на уапсениот млад човек, поради неговата возраст.

Полицијата посочи дека забележува загрижувачки тренд на насилен екстремизам и терористичка употреба на интернет кај младите и повика на внимателност и откривање на раните знаци на радикално однесување, вклучително и обезличување на другите, екстремни антивладини ставови и јасни изјави за намера да се извршат насилни дејствија.

Многу канадски функционери предупредија дека има зголемување на злосторствата од омраза против членовите на еврејската заедница по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.

„Бев шокиран кога ги дознав деталите за планираниот напад врз еврејската заедница во Отава. Антисемитизмот е во пораст во Отава во последните неколку недели“, објави градоначалникот на Отава Марк Сатклиф на платформата X.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ